cetkarusa

Четкар со концерт во Чикаго оваа сабота

Чикаго/Охрид, 10. мај 2018 (ИНПРЕС) – Охридскиот гитарист Владимир Четкар оваа сабота ќе одржи концерт во Чикаго во познатиот „Xippo Lounge“ каде ќе настапи со септет составен од врвни американски музичари.

Четкар стандардно ќе се претстави со својата авторска музика, а ќе биде придружуван од Емили Кун на труба, Кајл Мадсен на тенор саксофон, Рајан Кристијансон на тромбон, Хоакин Гарсија на клавијатури, Кит Лајлс на бас и Густаво Кортинез на тапани. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest