ohrigjanka-2

КУД „Охриѓанка“ го претстави македонскиот фолклор во Крагуевац

Охрид, 11. мај 2018 (ИНПРЕС) – КУД „Охриѓанка“ минатиот викенд го претстави македонскиот фолклор во Крагуевац, Србија.

Нашите играорци учествуваа на традиционалната манифестација „Ѓурѓовденски фолклорен маратон“. Се претставија со две кореографии и тоа детската и ветеранската група.

ohrigjanka 1

По успешниот концерт со кој одбележаа 10 години од своето постоење, играорците интензивно се подготвуваат за големата турнеја на Интернационалниот фолклорен фестивал во Барселона, Шпанија, на кој ќе учествуваат од 5-ти до 12-ти јули. Претходно во рамки на тунејата,  КУД „Охриѓанка“ ќе учевствува и на Интернационалниот фолклорен фестивал „Биоград на море” во Хрватска.

КУД “Охриѓанка” постои од 2006 година. Во состав на друштвото влегуваат група за народни ора, детска група за народни ора, оркестар и музичка школа за млади таленти. Во досегашното постоење друштвото има учествувано на бројни домашни и меѓународни фестивали. (Крај)

извор: ИнПрес фото: КУД „Охриѓанка“

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest