komandant-hodza-640x360

Хоџа се повлекува од советничкиот тим на Заев, му пречеле реакциите

Охрид, 11. мај 2018 (ИНПРЕС) – Џезаир Шакири-Хоџа, само неколку дена откако беше поставен за советник на премиерот Зоран Заев се повлекува од оваа функција. Приина за тоа биле бројните реакции во јавноста изминативе денови, откако беше обелоденето дека тој станал дел од советничкиот тим на премиерот.

Заев денеска во Охрид рече дека контактирал со Џезаир Шакири-Хоџа кој му кажал дека бара сам да се откаже од советничката позиција во премиерскиот кабинет. „Шакири ми кажа дека ќе се повлече од позицијата поради реакциите во јавноста. Тој вели дека и него му пречат реакциите и ќе се повлече затоа што си ја сака државата“, изјави Заев.

Пред неколку дена Владата информираше дека командант Хоџа е поставен за надворешен советник на премиерот Заев за областа на внатрешна безбедност и радикализам. Платата и покрај средното образование на Хоџа му изнесуваше 36.000 денари. Тој на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека го добил работното место за да преживее.

Џезаир Шаќири, кој е познат како командант Хоџа во конфликтот од 2001 година, беше еден од командантите на ОНА. Во конфликтот загинаа 75 припадници на македонските безбедносни сили. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest