tuiprviholandskituristi2018

На охридскиот аеродром слета првата група холандски туристи за оваа сезона

Охрид, 12. мај 2018 (ИНПРЕС) – Со воден мост во форма на виножито, на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ вчера пристигнаа првите 180 холански туристи, во организација на холандскиот тур-оператор ТУИ.

Новите сезонски летови Ајндховен-Охрид-Ајндховен, започнуваа од вчера, 11-ти мај, и ќе траат до 21-ви септември. На оваа релација ТУИ ќе лета секој понеделник и секој петок.

– Многу сме среќни што ТУИ ги проширува своите операции, носејќи повеќе патници на охридскиот аеродром, што значи и повеќе туристи на прекрасното Охридско Езеро. Се надеваме дека пакет-аранжманите на ТУИ ќе привлечат не само туристи од Холандија, туку и туристи од другите европски земји, кои ќе ги откријат природните убавини на Македонија и ќе станат нејзини редовни посетители, изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Image may contain: airplane and outdoor

ТУИ веќе оперира на линијата Амстердам-Охрид-Амстердам, носејќи холандски туристи на Охридското Езеро секоја година, а Ајндховен го воведува како втора авионска конекција со охридскиот аеродром. Оваа нова авиолинија, која ќе функционира секој понеделник и секој петок, ќе ги поврзе Охрид и Ајндховен, кој е лоциран во јужниот дел од Холандија и е блиску до белгиската граница, поради што се очекува да привлече и туристи од Белгија.

Сезонските летови од Ајндховен, се очекува да донесат од 3.000 до 3.500 патници на охридскиот аеродром, додека севкупно, вклучително и со летовите од Амстердам, се очекува дека ТУИ ќе донесе 15.000 туристи на Охридското Езеро оваа година.

ТАВ Македонија има фрекфентна летна сезона на охридскиот аеродром. Годинава сезоната беше отворена на 15-ти април, со пуштањето на новата авиолинија Истанбул-Охрид-Истанбул, од авиокомпанијата Онур ер. Покрај Истанбул и Ајндховен, како нови дестинации на охридскиот аеродром во текот на летото 2018 година, ќе бидат отворени и Талин и Варшава.

Image may contain: airplane and outdoor

Со овие 4 нови сезонски летови отворени во 2018 година, и постоечките до Амстердам, Брисел, Тел Авив и Катовице, охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ има 8 сезонски дестинации во текот на летната сезона, во периодот од април до октомври.

Во моментов, од охридскиот аеродром има 3 редовни авиолинии во текот на целата година – Базел, Цирих и Лондон. Од ноември 2018 година, Виз ер ќе ја отвори новата рута Виена-Охрид-Виена, како редовна авиолинија, оперативна во текот на целата година.

Во рекот на првите четири месеци од 2018 година (јануари-април), вкупно 633.136 патници патувале преку двата македонски аеродроми – „Меѓународниот Аеродром Скопје“ и охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е пораст од 20% на годишно ниво. Во исто време, вкупниот број на летови е 5.553, што е пораст од 17% во однос на истиот период лани. (Крај)

извор: аеродром „Св. Апостол Павле“ фото: аеродром „Св. Апостол Павле“

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest