deratizacija-640x360

Во вторник и среда ќе се спроведе системска дератизација

Охрид, 12. мај 2018 (ИНПРЕС) – Во вторник и среда, 15-ти ии 16-ти мај, екипи на Центарот за јавно здравје ќе спроведат системска дератизација.

Ќе бидат опфатени стариот дел на градот, населбите „Билјанини извори“ , „Гоце Делчев“ , „Воска“ и „Далјан“ како и по улиците „Туристичка“, „Питу Гули“, „Железничка“, „Јане Сандански“, „7 ми ноември“, „Марко Нестороски“, „Кеј Македонија“, „Македонски просветители“, „Момчило Јорданоски“ и „Прва македонска ударна бригада“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest