kniga1

Промоција на книгата „Мојот родослов“ од Славе Трајаноски

Охрид, 12. мај 2018 (ИНПРЕС) – Во просториите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, денес со почеток во 11:00 часот ќе биде промовирана книгата „Мојот родослов“ од Славе Трајаноски.

– Станува збор за промоција на литературното првенче на Трајаноски, книга напишана од срце, со единствена цел преку запознавање на својот род да се запознае себе си, порачуваат организаорите.

slaetrajanoskirodoslov

Славе Трајаноски е роден на 12-ти март 1948 година во Охрид, во работничко семејство. Основно училиште завршува во ОУ „Григор Прличев“, а средно во Гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид во 1967 година. Студира на Педагошката академија во Скопје, а работниот век го поминува во Собранието на општина Охрид, како припадник на штабот за територијална одбрана. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest