corner2rodenden11

Bistro Corner го прослави вториот роденден (Фото)

Охрид, 12. мај 2018 (ИНПРЕС) – Во присуство на бројни пријатели, гости и со богата музичка понуда, охридското Bistro Corner синоќа го прослави вториот роденден.

corner2rodenden2Роденденската забавата беше целодневна. Започна во 17:00 часот со настап на Dј Crazy Slave, а од 21:00 часот продолжи со свирка во живо со дуото Пикси и Ване. Настанот беше поддржан од винаријата „Тиквеш“ и екипата на Jack Daniels кои излегоа со посебна роденденска понуда во чест на роденденот на Bistro Corner.

corner2rodenden3 corner2rodenden4– Нашата визија е фокусирана околу клиентите, нашата визија е тие секогаш да бидат задоволни. И во иднина постојано ќе воведуваме новости, како во менито, така и во настаните кои ги организираме. Сакаме ова место и понатаму да остане место за ширење на позитивна атмосфера и пријателства. Во име на целиот тим на Bistro Corner испраќаме благодарност до сите наши пријатели, клиенти, гости за досегашната доверба. И во иднина ќе се трудиме на аголот од улицата „Туристичка“ и почетокот на чаршијата да Ве послужуваме со Вашите омилени пијалоци и храна, велат од Bistro Corner. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest