germanija-avion-640x360

Средба Стојаноски-Шмит: Охрид авионски ќе се поврзе и со Дортмунд

Охрид, 12.мај 2018 (ИНПРЕС) – Се проширува листата на дестинации со кои Охрид ќе биде авионски поврзан.

Од 27-ми октомври годинава ќе се воведе нова редовна авиолинија меѓу Дортмунд и Охрид. Ова го најави членот на Градскиот совет на Дормунд, Рудигер Шмит на средбата со градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски.

11_05_2018_POZARNA_DONACIJA_2Шмит потенцира дека авионското поврзување ќе придонесе за развој на  туризмот, но и за подобра соработка на бизнис заедниците.

Инаку, делегација од Дортмунд престојуваше во Охрид, при што беше доделена донација за територијалната противпожарна единица. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest