davenikpomolje

МВР: Вчера кај „Оровничка плажа“ беше пронајдено телото на 54-годишниот Б.Ј. од Куратица

Охрид, 14. мај 2018 (ИНПРЕС) – Вчера, околу 09:55 часот, на потегот помеѓу селото Подмолје и местото викано „Оровничка плажа“, на неколку метри од брегот, било забележано тело во водите на Охридското Езеро.

– Телото беше извадено од езерото, по што беше извршен увид. Утврдено е дека се работи за 54-годишниот Б.Ј. од охридското село Куратица. По наредба на Јавен обвинител, над телото на починатиот ќе се врши обдукција, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: Тв21

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest