denari_1_640x360

Пластични банкноти од 10 и 50 денари од утре ги заменуваат книжните

Скопје, 14. мај 2018 (ИНПРЕС) – Од утре ќе бидат пуштени во промет првите полимерни банкноти во Македонија, со апоенска вредност од 10 и 50 денари. Со ова Македонија станува една од државите чијашто централна банка има започнато процес на полимеризација на банкнотите на националната валута.

– Македонскиот денар ќе сенае вбројува меѓу валутите чии банкноти со пониска апоенска вредност, коишто се и најзастапени во одвивањето на готовинските трансакции, се изработени на најсовремен начин и од најсовремен материјал, соопштуваат од Народната банка на Република Македонија.

Станува збор за банкноти кои не се оштетуваат лесно, што не е случај со хартијата, и кои имаат многу подолг век на траење. Овие банкноти се изработуваат од многу тенка, флексибилна пластична фолија која овозможува нивниот дизајн да содржи безбедносни карактеристики и заштитни знаци кои не може масовно да се репродуцираат со употреба на воспоставените техники за фалсификување банкноти.

Лабараторските тестови покажале дека полимерните банкноти се деформираат и топат на температура од 120 степени Целзиусови, што значи дека без оштетување ќе можат да преживеат во машините за перење.

Книжните банкноти од 10 и 50 денари повеќе нема да се користат како средство за плаќање, но во рок од една година можат да се заменат во банките за полимерни банкноти или ковани монети. (Крај)

извор: Фокус фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest