Boston

НБА: Бостон моќно ја отвори финалната серија против Кливленд со триумф од 25 поени разлика (видео)

Бостон, 14. Мај 2018 (ИНПРЕС) – Селтикс поведоа со 1-0 во финалето на Истокот откако утрово имаа одлична партија против Кливленд и славеа со убедливи 108-83.

Коњаницата“ најави дека доаѓа во Бостон со намера да победи барем на еден натпревар, но судејќи по она што се случуваше синоќа во ТД Гарден, Леброн Џејмс и дружината ќе треба добро да се помачат.

Селтикс моќно ја отвори финалната серија и со триумф од 25 поени разлика поведоа со 1-0. По почетното испитување на силите, Бостон почна да диктира темпо и стигна до +20 пред крајот на првата четвртина.

Домаќините без проблеми ја одржуваа оваа висока предност во продолжението од мечот, Кливленд никако не успеваше да влезе во ритам и да фати приклучок. Леброн Џејмс имаше една од послабите партии, а „Кралот“ немаше ниту помош од соиграчите па тоа резултираше со триумф на Бостон од 108-83.

Браун со 23 поени беше прв стрелец на Бостон, Маркус Морис реализираше 21 поен, а Хорфорд еден помалку.Лав со 17 поени беше најдобар поединец кај Кливленд, а Леброн Џејмс мечот го заврши со 15 поени. (Крај)

извор: Мкд.мк фото: НБА

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest