metalurgija-640x353

Охрид домаќин на Меѓународен конгрес за металургија

Охрид, 14. мај 2018 (ИНПРЕС) – Бројни светски стручњаци ќе учествуваат на деветтиот Меѓународен конгрес на металургијата, материјалите и заштитата на животната средина што од 30-ти мај до 3-ти јуни ќе се одржува во Охрид.

Интензивирање на соработката меѓу науката и стопанството, како и обезбедувањето квалитетен кадар за металуршкиот сектор ќе бидат теми во фокусот на годинашниот конгрес.

Покрај домашни ќе присуствуваат и експерти и професори од Турција, Украина, Шведска и Австрија, а целта е најновите научни достигнувања да се доближат до индустријата.

Ќе бидат презентирани 30-на научни трудови, а предвидени се и презентации од страна на компаниите – учеснички. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest