11_05_2018_LAKTIVE-TOURISM_5-485x360

Шпански туристи, дел од проектот Laktive Tourism, воодушевени од Охрид

Охрид, 14. мај 2018 (ИНПРЕС) – Во рамките на продолжителните активности на европскиот проект Laktive Tourism од COSME Програмата на Европската унија, во Охрид престојуваше група на туристи сениори од Шпанија, како и делегација на општина Манзанарес Ел Реал, предводена од градоначалникот.

Туристите од Шпанија беа одушевени од културното и природно наследство на Охрид, нашите традиции, култура, музика, традиционалната храна иразновидноста на туристичка понуда.

11_05_2018_LAKTIVE TOURISM_4

Општините Манзанарес Ел Реал и Охрид се дел од Европската мрежа на градови со езера сo седиште во Италија и партнери во европскиот проект Laktive Tourism заедно со партнерски општини од Словенија, Ирска и Италија.

11_05_2018_LAKTIVE TOURISM_1

Главната цел на овој проект е продолжување на туристичката сезона со патувања на туристи сениори во ниска и средна сезона, како и креирање на туристички производи во согласност со спецификите на туристичките дестинации. Европската Комисија изрази посебно задоволство за продолжителните активности на овој европски проект, кој според нив има големи потенцијали за развојот на туризмот и продолжувањето на туристичката сезона. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest