ManciniItalija

Роберто Манчини е нов селектор на репрезентацијата на Италија

Рим, 15. Мај 2018 (ИНПРЕС) – Италијанската фудбалска федерација вчера го назначи Роберто Манчини за нов селектор на сениорската репрезентација. Тој на кормилото на репрезентацијата го замени Џан Пјеро Вентура, кој не успеа ниту да ја однесе Италија на СП во Русија.

Роберто Манчини неодамна ја напушти тренерската функција во Зенит, а уште од тогаш постоеја шпекулации дека тој ќе седне на селекторската фотелја на италијанската репрезентација.

Алесандро Костакурта и Габриеле Ориали, кои се дел од фудбалската федерација на Италија (ФИГЦ), разговарале со Манчини во неговиот дом повеќе од два часа, по што тој се упатил кон Русија и побарал раскин на договорот со Зенит.

Италија беше во потрага по нов селектор уште од ноември минатата година, кога по поразот од Шведска во плејофот за СП 2018 беше отпуштен Џан Пјеро Вентура, а тоа беше првпат по 60 години италијанската репрезентација да не обезбеди пласман на Мундијалот.Манчини е познат како авторитетен тренер кој знае да го извади максимумот од неговите играчи, што звучи како совршена препорака за селекторската позиција, каде тој не може да купува и продава играчи за да го направи составот посилен.

Тој досега работеше во четири земји, а ги предводеше тимовите на Фиорентина, Лацио, Интер, Манчестер Сити, Галатасарај и Зенит. (Крај)

извор: Кајгана фото: Твитер

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest