Missing image

„Бикини мун“ на Манчевски следната недела премиерно во Охрид

Охрид, 15. мај 2018 (ИНПРЕС) – Најновиот филм на Милчо Манчески „Бикини мун“ следната недела премиерно ќе биде прикажан на репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

– „Бикини мун“ е првиот американски филм снимен во Њујорк. Во оваа модерна, урбана бајка сместена во скршениот идеал на семејството – една харизматична бездомничка го привлекува вниманието на филмска екипа, која снима документарец и која е спремна да ја искористи нејзината приказна за да се прослави во светот на независните филмаџии. Главните улоги ги играат Кондола Рашад, Сара Голдберг, Вил Џеновиц, Сатја Сридхаран и Микал Мишел Харис, информираат организаторите.

Влезниот билет чини 100 денари, а кино проекциите во понеделник, вторник и среда ќе започнат во 20:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива