digitalno-plakjanje

Во Охрид ќе се одржува 11-та Конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура

Охрид, 15. мај 2018 (ИНПРЕС) – По 11-ти пат Народната банка на Република Македонија, во соработка со Централната банка на Холандија ќе биде домаќин на конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура: Време е за дигитализација, која од 6-ти до 8-ми јуни ќе се одржува во Охрид.

 

loga-nbrm-dnb-mk1

Во фокусот на конференцијата ќе биде тековниот глобален процес на премин кон дигиталното работење и плаќања. Новите дигитални технологии за плаќање, развиени од секторот Финтек, а усвоени од страна на банките, понудија широка лепеза на платежни продукти за потрошувачите и трговците.

Конференцијата ќе претставува платформа за активна дискусија за сите процеси на пазарот за плаќања преку поврзување на искуството на банките, платежните институции, институциите за електронски пари, секторот Финтек, платните системи, централните банки и други релевантни институции. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest