hor-bratstvo-smotri

Охридските училишни хорови и оркестри најуспешни на Државните смотри

Охрид, 15. мај 2018 (ИНПРЕС) – По успешното претставување на Регионалните хорски и оркестарски смотри, хоровите и оркестрите од охридските основни и средни училишта се покажаа во најдобро светло и на Државните смотри.

Натпреварот се одржа минатиот викенд во Валандово.

Хорот при ОУ „Братство Единство“ под водство на професорот Бурим Хидри го освои првото место со 97 поени. Во конкуренција на средните училишта, гимназискиот хор беше прогласен за најдобар со освоени 99 поени.

Оркестарот пак, при ОУ „Св. Климент Охридски“ под водство на Виолета Ангелеска го освои второто место. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest