Утре нова средба со концесионерите на плажите

Охрид, 16. мај 2018 (Inpress) – За утре во големата сала на општина Охрид е закажана нова средба со концесионерите на охридските плажи.

На средбата ќе се разговара за текот на постапките околу концесионирањето на плажите во пресрет на годинашнава главна туристичка сезона.
Ваква средба се одржа и пред два месеци. Тогаш концесионерите побараа концесиите за плажите да се издаваат за период подолг од пет години, старите концесионери да имаат предност при конкурирање за истите или пак плажите да се издаваат со непосредна спогодба.

Почетокот на средбата е во 14:00 часот. (Крај)

извор: Inpress фото: Inpress

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest