Кривични за две лица од Струга поради вршење кражби

Струга, 17. мај 2018 (Inpress) – Поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Струга до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против две лица од Струга.

Казнените дела ги извршиле во текот на март и април оваа година со користење подесен алат-хебла, но и физичка сила при што отворале влезни врати од маркет, бутик и соблекувална на основни училишта, сите лоцирани во Струга.

По влегувањето, пријавените вршеле пребарување и одземале мобилен телефон, лап топ и облека, информираат од СВР Охрид.

Со извршувањето на казнените дела, пријавените предизвикале материјална штета и се стекнале со противправна имотна корист од околу 154.000 денари. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest