majskiKoncertBiserAnsambal

Фолклорниот ансамбл „Бисер“ од Охрид ќе настапи на „Мајскиот концерт“ во Дебар

Охрид/Дебар, 18. мај 2018 (Inpress) – Во  Центарот за култура во Дебар, денес по шести пат ќе се одржи традиционалниот „Мајски концерт-2018“, на кој ќе настапат познати групи,пеачи и фолклорни ансамбли од Охрид, Кичево, Дебар и соседните општини.

– Вечерва во Центарот за култура во Дебар, по шести пат, ќе биде одржан традиционалниот „Мајски концерт-2018“. На концертот ќе настапат групата Профа-бенд од Кичево, Етно дебарски бисер од Дебар, пејачката Мила Тренеска од Охрид, вокалниот солист Самир Асаноски од Дебар, фолклорниот ансамбл „Бисер“ од Охрид, фоклорната група од ОУ од Скудриње, Млади таленти од Дебар и други. Во изминатите пет мајски концерти на народна музика, на сцената продефилираа голем број на реномирани познати пејачки имиња, фолклорни ансамбли и групи. Очекуваме салата од Центарот за култура да биде добро исполнета и жителите на Дебар да уживаат во двочасовната музичка програма, истакна Зинче Мимидиноски, програмски раководител на овој концерт.

Организатор на Мајскиот концерт е Центарот за култура од Дебар, а финансиски е поддржан од Министерството за култура. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: Нова Македонија

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest