Транспорт на брод ја блокираше „Стража“, километарски колони кон Охрид

Охрид, 22. мај 2018 (ИНПРЕС) – Повеќе од пет часа траеше патувањето од Скопје до Охрид попладнево за сите патници кои патуваа на оваа релација, поради транспортот на поголем брод по овој патен правец.

– Се создаде колона од повеќе од 10 километри. Проблемот се јави при преминување на еден од мостовите кои се реновираат, велат за Супер радио и OhridPress патници, кои повеќе од еден час „заглавија“ додека траеше транспортот на бродот на овој потег од патот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: кичево.мк