Missing image

Деновите на Итудис се избројани, Блат ја презема ЦСКА Москва?

Москва, 24. мај 2018 (ИНПРЕС) – ЦСКА Москва имаше уште еден неуспешен Ф4 во Евролигата, па тоа покрена лавина шпекулации околу останувањето во Москва на актуелниот тренер Димитрис Итудис, на кого му се подготвува отказ на крајот од сезоната.

Главен фаворит за негов наследник е израелскиот стручњак Дејвид Блат, актуелен тренер на Дарушафака, иако тој имаше и неколку комбинации за НБА лигата. Меѓутоа, враќање во САД не е опција за него, па преселбата во Москва станува најверојатен избор.

Блат има уште една година договор со Дарушафака, која се враќа во Евролигата следната сезона. Израелскиот тренер своевремено работеше во Русија, каде со националниот тим освои златко на Евробаскетот и бронза на Олимписките игри. (Крај)

извор: Гол.мк фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest