22_05_2018_GER_DEL__07

Германска делегација во посета на Општина Охрид

Охрид, 23. мај 2018 (ИНПРЕС) – Градоначалникот Јован Стојаноски, денеска имаше средба со делегација од градовите Тутлинген и Меринген од германската покраина Баденвитенберг, предводена од  Клингештајн  Хервиг градоначалник на Меринген.

На средбата гостите најмногу се интересираа за заштитата на Охрид, како светско природно и културно наследство, на што градоначалникот Стојаноски објасни дека локалната и централната власт деновиве ги интензивираат активностите за решавање на забелешките на УНЕСКО, а паралелно се работи на стратегија за одржлив развој на целиот регион.

22_05_2018_GER_DEL__05

Заеднички беше констатирано дека ваквите средби треба да се интензивираат бидејќи има отворени можности за поблиска соработка во   туризмот, културата и бизнис секторот. (Крај)

извор/фото: Општина Охрид

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest