tezgi-otstranuvanje

Се отстрануваат нелегално поставените тезги

Охрид, 23. мај 2018 (ИНПРЕС) – Низ охридската чаршија се отстрануваат нелегално поставените тезги.

По истекувањето на рокот за доставување понуди за поставување урбана опрема, сите субјекти кои веќе ја поставиле урбаната опрема, а за тоа не добиле соодветно одобрение и немаат склучен договор со општината за поставување урбана опрема ќе бидат соодветно санкционирани.

Од локалната и претходно во неколку наврати најавуваа дека нема да се толерира нелегално поставување урбана опрема на јавни површини.

Да не се повторува панаѓурскиот лик на Охрид со тезги поставени на несоодветни места, побараа и граѓаните на анкетата што неодамна ја спроведоа Супер радио и OhridPress. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest