policijaopsta

Малолетно девојче од Охрид се здоби со тешки повреди по пад од мопед

Охрид, 28. мај 2018 (ИНПРЕС) – Малолетно девојче се повреди по пад од мопед, вчера околу 16:45 часот, на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид.

– 15-годишно девојче од Охрид, управувајќи мопед „Ханг лонг“ со охридски регистарски ознаки, изгубилo контрола над мопедот и со истиот се излизгалo по коловозот. Од падот девојчето се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош било пренесено во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest