kosove-640x360

Се одложува примената на позивниот број за Косово

Приштина, 29. мај 2018 (ИНПРЕС) – Примената на посебниот позивен број за Косово +383 се одложува до 31-ви  октомври, одлучи косовското Регулаторно тело за електронски и поштенски комуникации (РАЕПК).

Претходно беше предвидено примената на бројот на почне од 30 -ти јуни.

Претседателот на Одборот на РАЕПК Крешник Гази за Радио Слободна Европа на албански јазик изјави дека одлуката за одложување е донесена согласно барањата на операторите на мобилна и фиксна телефонија кои работат на косовскиот пазар „Ваља“ и „Ипко“.

Тој посочи дека операторите кои не ја завршиле имплементацијата на кодот +383 во мрежите на фиксната телефонија должни се во рок од 30 дена. (Крај)

извор: Либертас фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest