terenskadezinsekcija

Повторно ќе се спроведе земјено запрашување против комарци

Охрид, 29. мај 2018 (ИНПРЕС) – Согласно одлуката на охридскиот совет за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината како општа противепидемиска мерка во четврток, 31-ви мај ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција против комарци.

Од Центарот за јавно здравје информираат дека третирањето ќе биде од земја во период од 05:00 до 07:00 часот, а ќе биде опфатено Студеничко блато, месноста Далјан и потегот од Андон Дуков до Подмолје.

За таа цел потребно е пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest