sebridgestruga

Струга домаќин на социјалните претприемачи од Југозападниот регион

Струга, 29. мај 2018 (ИНПРЕС) – Струга ќе биде домаќин на социјални претприемачи од Југозападниот регион кои ќе бидат дел од едукативната програма „Развој на одржливи социјални бизниси“, која ќе се одржува во хотелот „Дрим“.

Програмата, чија цел е да ги зајакне капацитетите на постоечките социјални претпријатија од овој регион, во исто време ќе укаже и на придобвиките што ги носи социјалната економија како сектор кој развива економски активности за важни општествени цели.

– Во исто време, ќе бидат споделени европски и светски искуства кои ја манифестираат улогата на социјалната економија во создавањето соодветен пазар на труд за ранливите групи, како и знаењаза нејзиното влијание во обезбедувањето соодветен еко систем за развој на локалните услуги и производи, информираат организаторите.

Работилницата е во рамките на проектот „Социјални претпријатија – мост помеѓу социјалните претпријатија и традиционалните бизниси (SE-Bridge)“, финансиран од Европската унија во рамките на програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Албанија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest