bolnica-ohrid-640x360

Кривични за екс финансискиот директор на охридската болница и уште едно лице

Охрид, 30. мај 2018 (ИНПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична против 49-годишната О.Л. од Струга и 58-годишниот М.К. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

– Во текот на 2014 година првопријавената, како шеф на отсек за комерција и јавни набавки во ЈЗО „Општа болница“ од Охрид, издала налог за исплата на фактура за сервисирање на нов апарат-колоноскоп, и покрај тоа што гарантниот рок не бил поминат, додека второпријавената, како финансиски директор на ЈЗО „Општа болница“ – Охрид, и покрај тоа што знаела за гарантниот рок, дозволила да биде исплатена фактурата за сервисирање на апаратот. Со ова пријавените и нанеле материјална штета од 57.947 денари на ЈЗО „Општа болница“ – Охрид. Исто така, во текот на октомври 2016 година првопријавената, од фирмата „Уни Медикал“ набавила апарат – електрокаутер – за вредност од 3.000.000 денари, иако истиот имал вредност од 900.000 денари, додека тендерот за набавка на наведениот апарат, првопријавената го распишала во март 2017 година, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest