soobrakajkaopsta

Тешка сообраќајка кај Издеглавје, повредено едно лице

Охрид, 30. мај 2018 (ИНПРЕС) – Едно лице е потешко повредено во сообраќајната незгода која вчера околу 16:30 часот се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Издеглавје.

– Патничко моторно возило марка „Фиат“ со гостиварски регистерски таблици управувано од страна на 58-годишниот Р.А. од Гостивар, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот кој бил пренесен во Општата болница во Охрид и истиот бил во животна опасност, информираат од МВР.

На местото на настанот извршен бил увид од страна на увидна екипа од Полициската станица Охрид. Се работи на целосно расчистување на случајот. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest