viaignatiazeljko

Со концерт на Жељко Самарџиќ и Драган Мијалковски ќе биде отворена 9-та Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“

Вевчани, 30. мај 2018 (ИНПРЕС) – Со концерт на познатата Балканска ѕвезда Жељко Самарџиќ и македонската поп легенда Драган Мијалковски, на 23-ти јуни во ресторанот „Виа Игнација“ во Вевчани ќе биде отворена 9-та Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“.

Image may contain: food and text

– Интимен и за душа. Спектакуларен, целовечерен концерт на балканскиот шармер, ѕвездата на сите генерации Жељко Самарџиќ на 23-ти јуни во ресторанот „Виа Игнација“. Свечено отворање на деветтата Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“. Повелете во несекојдневен амбиент, покрај жубурот на изворите, со добро вино и прекрасна храна да ги запееме големите хитови на Самарџиќ и македонската поп легенда Драган Мијалковски. Информации и резервации сите заинтересирани можат да добијат на телефонот 071/305-416. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest