policija6-640x360

Приведен стружанец кој се однесувал агресивно кон полициски службеник

Струга, 31. мај 2018 (ИНПРЕС) – При вршење сообраќајна контрола, вчера, околу 13:10 часот, на улицата „Партизанска“ во Струга, полициски службеник забележал пешак со детска количка кој не бил безбедно пропуштен на пешачки премин од страна на патничко возило „Опел Астра“ со охридски регистарски ознаки, во сопственост и управувано од страна на 41-годишниот А.В. од Струга.

– Тој го запрел возилото и по извршениот технички преглед била констатирана техничка неисправност на уредот за сопирање. На А.В. му бил издаден прекршочен платен налог, по што тој почнал да го навредува, агресивно да се однесува и да му се заканува по животот на полицискиот службеник. По ова А.В. бил лишен од слобода, а се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest