Donev

Донев: Се` што вети СДСМ не оствари, Охрид и Македонија со СДСМ на власт тонат

Охрид, 1. јуни 2018 (ИНПРЕС) – Дојде време да ја победиме темнината којашто надвиснала врз нашата Татковина. Секаде каде што има обединување таму е и победата. Време е да падне оваа ненародна власт. Дали охриѓани живеат подобро во однос на претходната година? Дали има повисока пензија? Дали младите имаат повеќе пари и повеќе работа, запрашаа на денешната прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Ветуваа живот за сите и општество за сите, но животот дојде само за тие во врвот на СДСМ. Една година централна и шест месеци локална власт исполнети со хаос, лицемерие и неработење, безидејност, политичка агонија, незнаење, бркање од работа на долгогодишни искусни вработени и брутална партизација на локалните и државни институции. Се` што вети СДСМ не оствари. Охрид и Македонија со СДСМ на власт тонат. Од животот кој го ветуваше СДСМ досега само се видоа планови за поскапување, зголемени трошоци за живот и осиромашување на граѓаните. Скандалозна одлука за поскапување на водата, за охриѓани нема ниту денар, ниту пак солидарност како обештетување за штетите од земјотресите, назначување на членови на управни и задзорни одбори спротивно на законот, цвета бизнисот на урбаната мафија која експресно воскресна. Охриѓани со поплавите имаа директни штети и загуби поради неспособното менаџирање и ненавремената реакција на Власта и АД ЕЛЕМ. Една година откако СДСМ е на власт неосновано ја стопира изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Прекината е изградбата на затворениот базен. Стопирана е и изградбата на специјалната боница Свети Еразмо. Прекинат е проектот за Центарот за култура како и изградбата на Конгресниот центар. Дали прекинувањето на овие значајни проекти за Охрид, значат живот за Охрид и охриѓани, истакна на денешната прес конференција првиот човек на ОК на партијата Сашо Донев.

Тој додаде дека за Македонија и за нашата иднина вреди да се бориме.

– ВМРО-ДПМНЕ ги поканува сите обесправени, разочарани и излажани од СДСМ утре во 15 часот кај Суна да се приклучиме заедно сплотени за масовно присуство на големиот антивладин собир вечерта во 20 часот пред Владата на Република Македонија. Да тргнеме во оваа битка и конечно да ја поразиме оваа ненародна власт којашто и се случува на нашата Татковина. Да ја одбраниме честа, достоинството и иднината на нашите поколенија, истакна Донев. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest