pozarpateka1-640x360

Распишана објава за закуп на пет атрактивни плажи во Охрид

Охрид, 1. јуни 2018 (ИНПРЕС) – По неколку средби и координации со досегашните закупци, конечно е распишана објавата за нов закуп на пет супер-атрактивни плажи на првата линија на Охридското Езеро.

Станува збор за петте најпосакувани плажи за стопанисување и тоа плажите: Потпеш, Канео, Куба Либре, Кадмо и Бела Виста.

– Предмет на електронското јавно наддавање е градежно  земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Детален Урбанистички план за УЗ 1 Блок 1.2, Блок 1.4 и дел од Блок 3.4, донесен со одлука на Совет на општина Охрид бр. 07-6092/40  од 30.06.2014 година,  со намена Д3 спорт и рекреација – плажа, под краткотраен закуп со времетраење од 5 годиниУрбанистички проект за уредување на плажите на дел од Охридското крајбрежје – потег Студенчишта-Елешец 2002 год. Согласно член 32, став 3 на Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. на Р.М, бр.4/96, 20/97,18/99 и 53/2001). Се дава согласност на овој урбанистички проект со тех.бр 02/02 од Мај 2002 година, стои во официјалната информација.

Сите заинтересирани објавата можат да ја погледнат на следниот линк. (Крај)

извор: општинаОхрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest