osnovensudohrid

Се очекува да бидат изнесени завршните зборови на повтореното судење во случајот Матилоски

Охрид, 4. јуни 2018 (ИНПРЕС) – Денес во охридскиот Основен суд продолжува главната расправа во повтореното судење за убиството на младиот охриѓанец Димитар Матилоски.

И покрај напорите направени од судот и на минатото рочиште не се појавија српските државјани предложени како сведоци од Основното јавно обвинителство. Со оглед на тоа што дале изјава дека немаат намера да дојдат на распит во судот и воопшто во земјава, а согласно законската регулатива и меѓународните прописи не може да се примени присилно доведување, беа прочитани нивните претходно дадени изјави од 1-ви јануари 2016 година.

Како што најави судијката, се очекува на денешното рочипте да бидат изнесени завршните зборови.
Немилиот настан се случи на Новогодишната ноќ 2016 година кога Бојан Угреновиќ од Краљево, Србија на смрт го претепа Димитар во строгиот центар на Охрид. На првиот судски процес, тој беше прогласен за виновен и му беше изречена затворска казна во времетраење од 16 години. Пресудата беше обжалена од одбраната, по што Апелацискиот суд од Битола побара повторување на процесот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest