Antoan-Grizman

Антоан Гризман одлучи да остане во клубот од Мадрид

Мадрид, 4. јуни 2018 (ИНПРЕС) – Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман одлучи да остане во клубот во Мадрид, објавија шпанските медиуми.

Се наведува дека раководството на Атлетико успеало да го убеди Французинот да остане во клубот.

За Гризман сериозен интерес покажува Барселона, но во Атлетико го увериле дека тој на „Камп Ноу“ ќе падне во сенка на Лионел Меси.Исто така од Атлетико му е ветено значително зголемување на платата – до 20 милиони евра годишно.

Гризман најави дека одлуката за својата фудбалска иднина ќе ја соопшти пред почетокот на Светското првенство. (Крај)

извор: Миа фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest