protestigrcijamakedonija

Денеска протести во Грција, од МНР предупредуваат да се избегнуваат местата на нивно одржување

Скопје, 6. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од Министерството за надворешни работи на Република Македонија испратија официјално предупредување за граѓаните на Република Македонија во врска со најавените протести во Грција.

– Се информираат граѓаните на Република Македонија кои денеска, 6-ти јуни 2018 година, ќе бидат или планираат да патуваат во Грција, дека грчката организација „Комитет за борба за грчкиот карактер на Македонија“, најавува протести во четиринаесет  поголеми градови во Северна Грција против употребата на зборот „Македонија“, што ќе се одржат истиот ден (среда, 6-ти јуни), со почеток во 19:30 часот. Заради потенцијалната можност од ескалација на протестите, се предупредуваат граѓаните на Република Македонија да ги избегнуваат местата на нивно одржување, како и од секакви реакции кои би имале негативни последици по нивната безбедност, информираат од МНР. (Крај)

извор: МНР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest