05_06_2018_VRBJANI_04

Стојаноски: Уверен сум дека наскоро ќе имаме решение за колекторскиот систем

Охрид, 5. јуни 2018 (ИНПРЕС) – Градоначалникот на Охрид проф. д-р Јован Стојаноски и директорот на ЈП „Проаква“ Владимир Алексиоски, денес беа во обиколка на пречистителната станица од колекторскиот систем во селото Ложани.

Честитајќи го Светскиот ден за заштита на животната средина, градоначалникот Стојаноски рече дека прашањето за функционирањето на Колекторскиот систем треба постојано да биде отворено до конечно негово решавање.

– Очекуваме до септември во координација со Владата на Република Македонија да направиме целосна ревитализација на колекторскиот систем. Во изминатиов преку Министерството за животна средина добивме 2 од потребните 11 пумпни станици, а очекуваме преку ребалансот на општинскиот и државниот буџет, да бидат одвоени околу 15 милиони денари за набавка и на останатите 9 пумпни станици. Жал ми е што денес разговараме за ова прашање како проблем, а светот го третира како одржлив бизнис. Но, уверен сум дека наскоро ќе имаме конечно решение, кое ќе го дефинира инвестирањето и управувањето со колекторскиот систем, истакна Стојаноски. (Крај)

извор: општина Охрид фото: општина Охрид

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest