Hongkong-640x360

Најскапо продаденото паркинг место на светот се наоѓа во Хонг Конг

Хонг Конг, 6. јуни 2018 (ИНПРЕС) – Пар во Хонг Конг купил паркинг место за 433.00 долари, па го продал за 760.000 по 9 месеци. Сумата е вртоглава, зарем не? 

Паркинг местото е во областа Kowloon во луксузниот станбен комплекс Ultima project. Паркинг место чини околу 5.600 долари по квадрат, односно три пати повеќе од просечната цена за паркинг место во Хонг Конг, кој е еден од најскапите градови во светот.

Становите во овој луксузен кварт чинат и по 12 милиони долари, па на жителите не им е проблем да издвојат пари плус за паркинг место, без разлика колку нам неверојатно ни звучи тоа. Во склоп на Ultima project има само 370 паркинг места, а 527 станбени единици.

Хонг Конг продолжува да ги урива сите рекорди со цените на недвижностите. (Крај)

извор: Црнобело фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest