kipar-nevreme-640x360

Невреме со град го зафати Кипар

Никозија, 6. јуни 2018 (ИНПРЕС) – Големо невреме, проследено со град, во понеделникот го погоди планинскиот венец Тродос на Кипар.

Видео од невремето објавено на фејсбук страницата Severe Weather Europe покажува дека станува збор за временски услови неверојатни за ова време од годината, објавија регионалните медиуми.

Градот со големина на орев, за само неколку минути создал слој од мраз на улиците и тоа со дебелина од околу седум сантиметри. Во исто време, температурата на воздухот од 20 степени за само неколку минути се спуштила на пет.

Невремето, како што изјавиле земјоделците, ја уништило годинашната жетва, додека пак овоштарниците се уништени на само неколку дена пред бербата на зрелите плодови. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest