koncert_gradski_hor_640x360

Годишен концерт на градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“

Охрид, 7. јуни 2018 (ИНПРЕС) – Охридскиот градски мешан хор „Вокс Лихнидос“ во вторник, 12-ти јуни ќе го одржи својот годишен концерт.

Хористите деновиве со интензивни проби се подготвуваат за настапот, а ќе бидат изведат 12-на композиции, изјави за Супер радио и OhridPress диригентот Бурим Хидри.

– На репертоарот ќе имаме неколку духовни композиции, како и обработки на македонски и странски композиции, прилагодени за мешан хор, рече Хидри.

HorManisa1

Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Св.Софија“, со почеток во 20:30 часот, а влезот ќе биде слободен.

Охридскиот градски мешан хор „Вокс Лихнидос“ настапувајќи на сите позначајни свечености во градот, дава голем придонес за нивното реализирање и се наметна како значаен субјект од областа на културата во Охрид. Низ годините хорот се развиваше и оствари бројни настапи во земјата и надвор од неа. Тој е своевиден културен амбасадор на градот Охрид и Република Македонија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest