cancer-640x360

Македонија ќе добие регистар за малигни заболувања

Скопје, 7. јуни 2018 (ИНПРЕС) – Министерството за здравство почна да спроведува мерки за превенција на малигни заболувања на годишно ниво, со поддршка на Центарот за истражување во рамки на Европската комисија.

На крајот на летото се очекува експертска мисија, а веќе се почнати и подготовките за воведување регистар за малигни заболувања, за населението и во болнички услови.

Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинрско прашање, по отворањето на стручниот симпозиум на тема „Вродени аномалии – предизвици, дилеми и третман“ во организација на Македонското лекарско друштво.

Тој изрази надеж дека на есен ќе имаат доволно податоци за да преземат конкретни чекори. (Крај)

извор: Р.С Европа фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest