Missing image

Наскоро уште подобар леб од „Тамаро“, нова машина за врвен квалитет

Охрид, 7. јуни 2018 (ИНПРЕС) – Охридските „Тамаро“ маркети продолжуваат со инвестирање во најквалитетна опрема за подобрување на понудата во сопствените маркети.

Пекарата на „Тамаро“ веќе подолго време испорачува леб со врвен квалитет, свежо печен, но и голем број најразновидни пецива, кои потрошувачите можат да ги купат во сите маркети, секогаш свежи и со контролиран и константен квалитет.

– Наскоро пристигнува нова машина во нашата пекара со која ќе добиеме уште подобар квалитет на лебот. Секогаш вложуваме во квалитет, користиме најквалитетно брашно, а редовно инвестираме во обуките на нашите вработени од специјалисти во пекарството, велат од „Тамаро“.

Новитетите во „Тамаро“ доаѓаат во време кога брашното постигнува се` повисока цена на пазарот.

– Цената на брашното секако дека влијае врз цената, но ние никогаш не правиме компромиси со квалитетот на нашите производи. Цената на лебот може да претрпи минимални измени, но сепак ќе остане далеку под цената за тој квалитет кој се нуди на пазарот, додаваат од водечките маркети во Охрид и регионот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest