sednicasovet29jan

Зонското паркирање во четврток пред градските советници

Охрид, 8. јуни 2018 (ИНПРЕС) – Предлог одлуката за зонско паркирање во општина Охрид, како и утврдувањето на цени за користење на спортски објекти и паркинг-простори со кои стопанисува ЈП „Билјанини извори“ се меѓу поатрактивните точки на седницата на градскиот совет, закажана за четврток, 14-ти јуни.

Пред градските избраници ќе се најдат и предлог одлуките за донесување  правилник за субвенционирање на туристичката такса на вршителите на угостителска дејност, за давање согласност за изменување на годишниот план за вработување за 2018 година, прифаќањето на донација за реконструкција на детска градинка „Развигорче“.

Советниците треба да се произнесат и за измена на Статутот како и
измената и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски гробишта“.

Почетокот на седницата е закажан за 11:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest