bugarija-padnat-helikopter

Се урна бугарски воен хеликоптер, загинаа двајца пилоти

Пловдив, 12. јуни 2018 (ИНПРЕС) – Бугарски воен хеликоптер се урна синоќа во воздухопловна база во близина на јужниот град Пловдив за време на рутинска вежба.

Во несреќата загинаа двајца пилоти додека еден член на екипажот е повреден, соопшти бугарското Министерство за одбрана.

Хеликоптерот Ми-17 од руско производство летал околу 50 минути по што се урнал околу 20.30 по локално време. Истрагата е во тек.

Во јули лани, воен хеликоптер се урна во Црно Море во близина на бугарското крајбрежје за време на тактички вежби и притоа загина еден офицер додека двајца беа повредени. (Крај)

извор: Плусинфо фото: Твитер

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest