penzioneri-630x360

Бесплатно болничко лекување за сите пензионери

Скопје, 12. јуни 2018 (ИНПРЕС) – Промената и дополнувањето на програмата за болничко лекување без наплата на партиципација за пензионери веќе е објавена во „Службен весник“ и со тоа сите пензионери, без разлика на висината на пензијата, ќе добиваат бесплатно болничко лекување.

Досега бесплано лекување имаа само пензионери со помала пензија од 12.600 денари, но отсега овој криетериум се брише  и сите од оваа старосна група ќе може да се лекуваат бесплатно.

Бесплатни се и болничките здравствени услуги за децата под 18 години чии семејства се корисници на правото на социјална помош во Република Македонија. (Крај)

извор: Фокус фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest