Охрид, 12. јуни 2018 (ИНПРЕС) – По Скопје, претставата „Железниот светилник“ заснована на првиот роман од тетралогијата на извонредниот бугарски писател Димитар Талев, роден во Прилеп, вечерва гостува во Охрид.
Димитар Талев е дводомен писател кој е исклучително почитуван и се смета за врв на бугарската книжевност и еден од најчитаните и најпопуларните литературни творци.
Помеѓу другото, Талев е доживеан и како писателот кој во „Железниот светилник“ преку измислениот град Преспа во кој се одвива дејството неповторливо и со неизмерна љубов го опишува својот роден град Прилеп како никој дотогаш.
Нексромните квалитети на Димитар Талев и маестралноста на „Железниот светилник“ претставуваат неверојатен предизвик да се постават на сцената и ветуваат спектакл за кој што и да се каже, пред да се погледне, ќе биде малку.
Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20:00 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива