Logopedi

Лопетеги е новиот тренер на Реал Мадрид

Мадрид, 13. јуни 2018 (ИНПРЕС) – Шпанскиот селектор, Хулен Лопетеги ќе го преземе тимот на Реал Мадрид по крајот на Мундијалот како замена за супер-успешниот Зинедин Зидан, потврди актуелниот европски шампион.

По изненадувачката одлука на Зинедин Зидан да се повлече по освојувањето на третата титула од Лигата на шампионите во Киев, имаше многу имиња кои се поврзуваа со трансфер на „Бернабеу“, од Маурисио Почетино, Андре Вилјаш-Боаш, до Антонио Конте и дури Арсен Венгер.

Меѓутоа, „кралскиот клуб“ се реши за Лопетеги, домашно решение, иако тој прво ќе треба да ја заврши работата со Шпанија на Мундијалот во Русија.

„Реал Мадрид ЦФ потврдува дека Хулен Лопетеги ќе биде тренер на првиот тим во следните три сезони. Тој ќе се приклучи на тимот веднаш по Светското првенство, откако две години беше на чело на националниот тим“, се вели во соопштението на клубот. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest