lemar1

Лемар е нов играч на Атлетико Мадрид

Мадрид, 13. јуни 2018 (ИНПРЕС) – Атлетико Мадрид и Монако потврдија дека постигнале договор за трансфер на францускиот репрезентативец Томас Лемар.

22-годишниот офанзивен играч за врска одигра фантастична сезона и за него интерес покажуваа многу европски гиганти, но Атлетико ја победи конкурецијата и си осигура големо засилување за следната сезона.

Монако на последниот ден од минатогодишниот летен трансфер период одби понуда од Арсенал во вредност од 100 милиони евра за Лемар, а денес потврди дека постигнале договор со Атлетико кој ќе плати 65 милиони евра за Французинот.

Дури се тврди дека во шпанската престолнина го чуваат посебно бр.10 за играчот, кој официјално ќе биде претставен по завршувањето на Мундијалот. (Крај)

извор: Спортски фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest