lopetegui-julen

Не го спаси ниту бунтот на играчите, Шпанија го избрка Лопетеги

Москва, 13. јуни 2018 (ИНПРЕС) – Хулен Лопетеги нема да ја предводи Шпанија на Светското првенство, стратегот доби отказ и покрај тоа што капитените Серхио Рамсо и Андрес Иниеста побарале да нема промени.

Првиот човек на Фудбалската федерација на Шпанија пресече, Хулен Лопетеги доби отказ. Тој утрово имаше итен состанк со селекторот поради кој најавената прес конференција се одложи за дури час и половина.

Се говореше дека стратгот најверојатно ќе остане откако се замешале играчите и свое мислење дале капитените Серхио Рамсо и Андрес Иниеста, кои сметале дека е најдобро да нема промени.

Сепак, првиот човек на федерацијаа не се предомислил, се појави сам на пресот и соопшти дека Хулен Лопетеги нема да ја предводи „Фуријата“ на мундијалот во Русија. (Крај)

извор: 24фудбал фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest